English version
 
ОгласникКонтактzНовости и информацииЛинковиzЧесто поставувани прашањаz
 
За ИСРМ
Документи на ИСРМ
Членство во ИСРМ
Технички работни тела
ИНФО Центар
Стандардотека
Услуги
Архива
 
 
www.europa.eu
 
Превземи го Adobe Reader
 
 
   
> Членство во ИСРМ
 
Секоја заинтересирана страна може да биде член на ИСРМ.
 

Согласно член 18 од Законот за стандардизација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/2002), сите заинтересирани правни лица може да поднесат пријава за членство во ИСРМ заради остварување на нивните интереси во врска со македонската национална стандардизација.

Членството во ИСРМ се стекнува врз основа на писмена пријава – Пристапница за членство во ИСРМ и доказ за платена членарина. Во пристапницата, правните лица треба да овластат претставник кој мора да биде во работен однос на неопределено време кај пријавениот член.

Пристапницата за членство во ИСРМ се доставува во писмена форма до ИСРМ, на следната адреса:

Институт за стандардизација на Република Македонија
„Васил Главинов“ бб блок 10 - мезанин, 1000 Скопје          
или преку нашата e-mail адреса: isrm@isrm.gov.mk.

Правата и обврските на членот, како и висината на члeнарината се дефинирани вoпоглавје V од Статутот на ИСРМ, Правилникот за начинот на определување на висината и плаќањето на членарината и Одлуката за определување на висината на членарината за соодветната година. Членот е должен да плати членарина која е определена со горенаведените акти.
 
 
Придобивки за членовите на ИСРМ:
да бидат редовно известувани за активностите на ИСРМ;
да учествуваат во работата на органите на ИСРМ и Техничките работни тела на ИСРМ, како и да даваат иницијативи за остварување на неговите работни задачи;
да учествуваат во работата на техничките тела на европските и меѓународните организации за стандардизација;
право на попуст при купување на македонски стандарди;
право на попуст при одредени услуги на ИСРМ;
право на попуст при котизациите за семинарите и советувањата што ги организира ИСРМ.
 
 
 
 
Copyright © 2006 ИСРМ; Сите права задржани; последна промена 10.06.2010