Законот за стандардизација е донесен и објавен во “Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/02. Со овој закон се уредуваат целите и принципите на македонската национална стандардизација, статусот на Институтот за стандардизација на Република Македонија како и неговите задачи, зачленувањето и неговото финансирање, подготовката, усвојувањето и објавувањето на македонските национални стандарди и нивната примена. |