| |
|
|
Советот на ИСРМ е основан со одлука на Собранието на ИСРМ, на седницата одржана на 22.02.2008 год. Советот на ИСРМ е составен од девет члена и тоа: три претставника на основачот, четири претставника од членовите на ИСРМ, еден претставник од вработените во ИСРМ и претседателот на Собранието на ИСРМ.
Во управувањето со работата на ИСРМ, Советот на ИСРМ, ги има особено следните надлежности: предлага годишна програма за работа на ИСРМ, донесува финансиски план во согласност со основачот, предлага годишен извештај за работата на ИСРМ и извршува други работи кои се определени со член 25 од Статутот на ИСРМ.
За извршување на стручните работи, Советот на ИСРМ формира Технички работни тела: Технички комитети и Работни групи. |