Институтот за стандардизација на Република Македонија - ИСРМ е основан врз основа на Законот за стандардизација ("Службен весник на Република Македонија" бр. 54/02) и Одлуката на Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 14/03).
Директорот на ИСРМ, којшто е орган на раководење на ИСРМ, ги има следните надлежности: ја организира и ја раководи работата на ИСРМ, го претставува и застапува ИСРМ пред трети лица, одговорен е за законитоста во работењето на ИСРМ и извршува други работи кои се определени со член 34 од Статутот на ИСРМ.