Членката има право да:
- учествува на седниците на Собранието и да го оставрува своето право на глас во согласност со Деловникот за работа на Собранието;
- учествува во работата на органите и техничките работни тела на ИСРМ;
- дава иницијативи за остварување на работите и задачите на Собранието на ИСРМ;
- учествува во изборот на преставниците во Советот наИСРМ;
- биде избрана за претставник во Советот на ИСРМ;
- биде редовно известена за активностите на ИСРМ;
- го добива без надоместок Гласилото на ИСРМ;
- добива попуст при купување македонски стандарди;
- добива попуст за определени услуги на ИСРМ;
- добива попуст за котизациите за семинарите и советувањата што ги организира ИСРМ;
- добива Годишен извешај за работата на ИСРМ.
Членката има обврска да:
- ги почитува Законот за стандардизација, Статутот, одлуките и интерните акти што ги донеле органите на Институтот;
- ја плаќа редовно годишната членарина;
- ги стави на располагање сите информации кои се потребни за работа на Институтот.
Висината на членарината ја определува Советот на ИСРМ врз основа на следните критериуми:
- за правните лица - во зависност од природата на дејноста, годишниот бруто/нето приход и бројот на вработени во правното лице;
- за физички лица - во процент од просечната бруто плата во Република
Членарината се плаќа еднаш годишно, најдоцна до 30 мај во тековната година за тековната година.