Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Семинари и работилници

Хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на усвоените европски стандарди во областа на металургија во Република Македонија

На 8-ми април во Стопанската комора на Македонија, во организација на Здружението на металургија и Институтот за стандардизација на Република Македонија, а со поддршка од Сојузот на металурзи на Македонија се одржа тематска презентација посветена на "Хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на уссвоените европски стандарди во областа на металургија во Република Македонија"

Опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери - стандардизација и регулатива

Институтот за Стандардизација на Република Mакедонија во соработка со Стопанската комора на македонија организираа тематска презентација на тема: "опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери"- стандардизација и регулатива која се одржа во Стопанската комора на Република Македонија на ден 24 април 2015 година

TAIEX работилница - Стандарди за тутунски производи

ИСРМ во соработка со ЕК организираше работилница на тема Стандарди за тутунски производи која се одржа на 15 мај 2013 година во хотел Арка Скопје

Работилница за учество на Техничките комитети на ИСРМ во работата на CEN/CENELEC

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше Работилница во врска со учеството на ИСРМ ТК во работата на CEN/CENELEC Техничките комитети („Workshop on Participation of ISRM Technical Committees in the work of CEN/CENELEC Technical Committees“). Работилницата се одржа во Скопје, во периодот од 12-13 април, 2010 година. На истата присуствуваа претседатели и членови на ИСРМ ТК, како и техничките секретари на ИСРМ ТК.

ISO/ISRM Семинар за подигање на свеста за безбедност на храната

Во соработка со Меѓународната организација за стандардизацијa – ISO, ИСРМ организираше семинар за подигање на јавната свест за стандардот ISO 22000- Системи за управување со безбедност на храната, одржан во Скопје во периодот од 14 - 15 септември 2009 година. Семинарот го посетија 29 учесници – претставници од производството, образовните институции и владини тела.

Експертска мисија за националните параметри на Еврокод 7

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше Експертска мисија („Expert Mission on Nationally Determined Parameters to Eurocode 7“). Работилницата се одржа на Градежен факултет, во периодот од 17-20 мај 2010 година. На истата присуствуваа членови на ИСРМ ТК30, ИСРМ ТК 11 и членови на ИСРМ ТК30/РГ 7, како и техничкот секретар на ИСРМ ТК 30.

ИСРМ во соработка со Истражувачкиот технолошки центар од Нови Сад организираше четридневен инструктивен семинар

-Во периодот од 17-20 јуни 2009 година во Охрид, ИСРМ во соработка со Истражувачкиот технолошки центар од Нови Сад организираше четридневен инструктивен семинар

Развивање на стратегија за стандардизација за вклучување на сите заинтересирани страни

ИСРМ во рамките на регионалниот проект за инфраструктура на квалитет CARDS 2002, организираше семинар на тема: “Развој на стратегија за стандардизација за поттикнување на сите заинтересирани страни да се вклучат во стандардизацијата”. Семинарот се одржа во периодот од 24-25 јануари, 2006 година. На семинарот присуствуваа претставници од националните тела за стандардизација на: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

ИСРМ во соработка со Стопанската комора организираше состанок за досегашната постапка за имплементација на европските хармонизирани стандарди за глинените производи. 02.06.2009

ИСРМ во соработка со Стопанската комора организираше состанок за досегашната постапка за имплементација на европските хармонизирани стандарди за глинените производи. Состанокот се одржа во просториите на фабриката Тондах Македонија - Виница, на 02 јуни, 2009 година. На истата присуствуваа членови на ИСРМ ТК 25.

Хармонизација на националната со европската стандардизација и имплементација на усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Р.Македонија

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше работилница за "CE означување – твојот производ на европскиот пазар" во периодот од 11-12 ноември 2010 година, одржан во хотел Арка, Скопје; На истата присуствуваа околу 80 заинтересирани страни од индустријата, министерствата како и вработените на ИСРМ.

ИСРМ ТК 30 "Еврокодови" 16.11.2007

ИСРМ организираше работилница на тема модалитети за поефикасно имплементирањe на еврокодовите како национални правилници, а воедно и седница на техничкиот комитет ИСРМ ТК 30 „Еврокодови„ со присуство на членовите на работните групи. Работилницата се одржа на Градежен факултет, на 16 ноември, 2007 година.

Тематска презентација ИСРМ ТК 24 Бетон и преизводи од бетон. Хармонизација на националната со Европската стандардизација

ИСРМ организираше тематска презентација на тема Бетон и производи од бетон – Хармонизација на националната со европската стандардизација. Презентацијата се одржа во Клуб на пратеници, на 18 јуни, 2008 година. На истата присуствуваа членови на ИСРМ ТК 24.

Работилница за известување и застој на процедури ИНТ MARKT 41999

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше Работилница во врска со процедурите за нотификација и мирување („Workshop on Notification and standstill procedures“). Работилницата се одржа во Скопје, на 28 јуни 2010 година. На истата присуствуваа техничките секретари на ИСРМ ТК и вработените од Инфоцентарот на ИСРМ

Тематска презентација на ИСРМ ТК 11 Геотехника-хармонизација на националната со европската стандардизација

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше Тематска презентација на ИСРМ ТК 11: Геотехника – хармонизација на националната со европската стандардизација. Презентацијата се одржа во ¬х. Континентал на 30 ноември, 2010 година. На истата присуствуваа членови на ИСРМ ТК 11.

ИСРМ во соработка со Стопанската комора организираше работилница за имплементација на усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија.

ИСРМ во соработка со Стопанската комора организираше работилница за имплементација на усвоените европски стандарди во градежништвото и производството на градежни материјали во Република Македонија. Работилницата се одржа во Стопанската комора, на 17 март, 2011 година. На истата присуствуваа членови на ИСРМ ТК 24.

Работилница за Национално детерминирани параметри во рамките на еврокод стандардите за дизајн во градежништвото INT MARKT 31585

ИСРМ ТК 30 преку Институтот за стандардизација на Република Македонија во соработка со Европската комисија за користење на инструментот “Technical Assistance Information Exchange Instrument” (TAIEX), на 6-7 мај 2009 година во Скопје одржа работилница на тема: „Национално детерминирани параметри во рамките на еврокодовите - стандарди за проектирање во градежништвото“.

Работилница за CE означување -вашиот производ на Европскиот пазарот

ИСРМ во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX организираше работилница за "CE означување – твојот производ на европскиот пазар" во периодот од 11-12 ноември 2010 година, одржан во хотел Арка, Скопје; На истата присуствуваа околу 80 заинтересирани страни од индустријата, министерствата како и вработените на ИСРМ.