Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Замислете Свет без стандарди
Потсетник за значењето на стандардизацијата и колку таа влијае на секојдневниот живот е од самиот пример за патникот кој мора да носи куфер полн со адаптери кога патува од една земја во друга. Овие приклучоци беа специфицирани во минатото кога сеуште меѓународната стандардиазција не беше широко препознатлива и тие претставуваат секојдневен потсетник за универзалната вредност на стандардите. Сличен е и примерот на човекот кој пробува својот компјутер купен од една земја неуспешно да го поврзе за телефонската линија во друга земја.

 

Стандардите се грижат за потрошувачите
Стандардите на потрошувачите им даваат доверба дека производите и услугите кои ги купуваат т.е добиваат се безбедни, сигурни и ќе ја завршат работата за која се наменети. Стандардите им помагаат на потрошувачите во секојдневниот избор помеѓу еден и друг производ.

 

Стандардите го прават светот побезбеден
Без разлика дали се работи за меки играчки, остри алати, прозорско стакло отпорно на експлозија, шлемови или превоз на опасна стока, втемелувањето на стандардите обезбедува дека тие производи и служат на својата намена и ја намалуваат опасноста. Тоа е причината што кредитните и останатите картички функционираат и во странство.

 

Стандардите ја поттикнуваат размената на технологиите и иновацииите
Стандардите обезбедуваат платформа за изградба на нови и возбудливи идеи. Стандардизацијата помага во универзалната и глобалната примена на иноваторските технологии и знаења и ги отвора пазарите за нови производи и меѓународна соработка. Без разлика дали се работи за употреба на природниот гас како гориво за возилата, во вселенската или воздухопловната технологија, или за медицинските производи: стандардите го зближуваат светот.

 

Стандардите создаваат здрава средина и средина на здравје
Стандардите уредуваат сè, од безбедност на храната, снабдување со здравствено исправна вода за пиење и квалитет на медицинските апарати, до примена на хигиенските правила за сè. Осигруваат и општи правила во решавање на проблемите на климатските промени, квалитетот на воздухот, водата и земјата, снабдувањето со енергија, емисијата и зрачењето.

 

Стандардите ја олеснуваат трговијата
Од големината на резервоарот до зрното кафе, изборот на спојните елементи за автомобилските тркала, или причините договорот да е напишан на хартија со иста големина како и останатите записи: стандардите се применуваат насекаде и им помагаат на фирмите развојот на нивните производи и услуги да се засноваат на спецификации кои се широко прифатени во нивните сектори. Тоа им овозможува да конкурираат на „рамноправен терен“ на светскиот пазар.

 

Стандардите ја зголемуваат конкурентноста на македонските производи на глобалниот пазар
Стандардите и стандардизацијата претставуваат една од основните потреби, услови и претпоставки за успешен развој на македонската економија. Производите кои се во согласност со македонските стандарди имаат конкурентна предност пред производите кои не се изработени во согласност со стандардите –потрошувачите ја знаат разликата.
Безбедни и квалитетни производи на глобалниот пазар може да се пласираат само со имплементирање на барањата на стандардите. Околу 99 проценти од сите македонски стандарди се засноваат на меѓународни и европски еквиваленти.