Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Мали и средни претпријатија

Стандардизација на мали и средни претпријатија (МСП)

 

Малите и средни претпријатија (МСП) претставуваат значаен и витален дел на економијата во една земја. Доколку истите сакаат да останат конкурентни и играат позначајна улога како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар тие мора постојано да се надградуваат, растат, го зголемуваат бројот на вработени, го зголемуваат својот опсег на производи и услуги, пазарите, а со тоа остваруваат и поголем профит. 

 

Една од алатките која секако ќе помогне во реализација на целите на МСП се стандардите.

 

Европската статистика вели дека МСП претставуваат околу 98% од севкупниот бизнис во Европа и вработуваат повеќе од 90 милиони луѓе. И покрај ова малку е веројатно дека МСП активно ќе се вклучат во процесот на развој на стандардите за разлика од големите компании. Со цел да се осигура дека стандардите ги задоволуваат потребите на помалите компании, потребно е на МСП да им се обезбедат информации за стандардизациските активности, и воедно да нивните интереси се соодветно застапени за време на развој, подготовка и преиспитување на стандардите. Во овој процес како, телата за стандардизација така и деловните здруженија, особено оние кои ги застапуваат МСП имаат важна улога. 

 

За таа цел Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) во овој дел Ви обезбедува информации, алатки и поддршка за да се објаснат придобивките од употребата на стандардите. Воедно овие информации и алатки даваат насоки и претставуваат начин како телата за стандардизација и деловните здруженија да соработуваат заедно како на национално така и на европско и меѓународно ниво, правејќи го стандардизацискиот процес полесно разбирлив и подостапен  за МСП.

 

Насоките кои се дадени се однесуваат на неколку главни чекори:

-  Што е стандард?

-  Придобивки за МСП од употребата на стандарди

-  Пронајдете го вистинскиот стандард

-  Бидете "вклучени" - инволвирани

-  Семинари и работилници

-  Корисни линкови

-  Публикации и брошури

 

 ШТО Е СТАНДАРД?

 

Стандардите се насекаде околу нас, иако ние не секогаш сме свесни за тоа. Еден пример е широко применуваниот стандард за формат на хартија "А4".

Постојат неколку различни типови на стандарди кои се однесуваат на и вклучуваат барања и/или препораки во однос на производи, системи, процеси или услуги. Стандардите, исто така, може да претставуваат начин со кој може да се опишат методите на мерење и испитување или да се воспостави заедничка терминологија во рамките на еден специфичен сектор. Во суштина стандардите се договорен начин на правење на работите. 

 

Дознајте повеќе за стандардите .. 

 

 ПРИДОБИВКИ ЗА МСП ОД УПОТРЕБАТА НА СТАНДАРДИ

 

Употребата на стандарди може да понуди збир на моќни бизнис и маркетинг алатки за организации од сите големини. Можете да ги користите за да ги подобрите Вашите перформанси и управување со ризиците со кои се соочувате, работејќи во поефикасен и одржлив начин. Тие ќе Ви овозможат на вашите клиенти да им го демонстрирате квалитетот на она што го работите, и ќе ви помогнат да ги имплементирате најдобрите практики во вашата организација.  

 

Преку нивно користење:

  • може да се зголеми продуктивноста и обемот на МСП и воедно да се придонесе до поголем развој
  • намалување на трошоците и ризиците
  • зголемување на конкурентноста
  • одржлив развој - справување со еколошки, социјални и економски влијанија
  • поттикнуваат иновации
  • услуги - подобрување на услугите и задоволството на клиентите
  • здравје и безбедност - заштита на луѓето од ризици 

 

Со еден збор вашиот бизнис ќе биде препознатлив и по различен од останатите благодарение на стандардите.

 

 Дознајте повеќе за придобивките од стандардите ..

 

ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ СТАНДАРД

Пронаоѓањето на вистински стандард за вашиот низнис може да биде предизвик. Посетете го нашиот онлајн каталог каде преку делот ПРОШИРЕНО ПРЕБАРУВАЊЕ може да пребарувате публикувани стандарди, стандарди во фаза на подготовка (проекти) и нацрт стандарди на јавна расправа. Пребарувањето може да го направите по референтна ознака на стандардот, клучен збор, ISC класификација, Директива, Технички комитет или датум. За секој стандард и/или проект Институтот Ви овозможува на својата интернет страна достапност до основните податоци и куса содржина за наведените стандарди.

Посетете ги нашите содржини кои Ви ги нудат следните алатки со чија помош може да набавите оригинални ISO стандарди, може да добиете пристап до содржината на стандардите и поднесете коментар за нацрт стандардите.

 

               Web продавница - store                                                      Web читална- reading

Онлајн набавка на оригинални ISO стандарди                                  Потребна годишна претплата

                    и ISO публикации                                                      и регистрација преку Мој профил

                                                

Web Продавница - store Од неодамна ИСРМ на својата интернет страна преку линкот "Buy ISO Standards", Ви овозможува нова услуга која се однесува на онлајн набавка на оригинални ISO стандарди и ISO публикации. Оваа услуга исто така Ви овозможува да пребарате во каталогот или го користите пребарувачот на ISOстандарди. Стандардите може да ги набавите со користење на сите поголеми кредитни картички како и други методи на плаќање. 

 Web читална - reading Оваа алатка Ви овозможува пристап до содржината на поголем број на стандарди дадени во пакети по Ваш избор.

Можност за коментари кон содржината на нацрт стандардите - Вашиот коментар во неколку чекори (потребна регистрација преку "Мој профил")  Погледни Упатство за коментари кон содржината на нацрт македонските стандарди (во изработка)

 

Останати корисни линкови 

- Листа на хармонизирани стандарди согласно ЕУ Регулативите и Директивите од Новиот пристап 

- ИСРМ месечни Огласници за стандарди и други стандардизациски документи

 

За детални информации во врска со содржината и продажба на македонските стандарди обратете се во Секторот за информации односно Инфо центарот на ИСРМ на следната  контакт адреса 

 

 

 БИДЕТЕ "ВКЛУЧЕНИ" -  ИНВОЛВИРАНИ

 

Постојат неколку начини МСП да бидат вклучени во процесот на подготовка на стандардите:

 

     1.Станете член на Технички комитет во рамките на ИСРМ 

     2. Погледнете ги и дадете коментар за нацрт-стандардите на јавна расправа

   3. Предложете иницијатива за подготовка на стандард или погледнете ги тековните предлози за нови стандарди

 

Погледнете ги новите предлози за изворни национални стандарди - "CEN/CENELEC - Месечни регистри"

 

 

СЕМИНАРИ И РАБОТИЛНИЦИ

 

 Јакнењето на свеста за стандардизација е првиот и најважен чекор во процесот на помагање на компаниите и организациите да се запознаат со светот на стандардите. Зголемената свест за стандардите ќе им помогне на МСП да разберат како тие можат да се користат како алатки за постигнување на своите бизнис цели.

 

 

Што може да се направи за јакнење на свеста?

  • Одржување на семинари
  • Печатење и дистрибуција на информативни материјали (како брошури и слично)
  • Одржување на тренинзи и работилници (како на национално така и на регионално ниво)

 

 Повеќе за семинарите и работилниците на ...

 

 

 КОРИСНИ ЛИНКОВИ

    Повеќе информации во врска со активностите за МСП може да се најдат и на интернет страната на        европските тела за  стандардизација CEN и CENELEC дадена во прилог 

                       www.cencenelec.eu/SME/Pages/default.aspx

       

       

        Останати корисни линкови:

 

 

 ПУБЛИКАЦИИ И БРОШУРИ

 

ISO 9001 За мали бизниси –

Што да правите

 

Новото издание на                            

прирачникот, ISO 9001 за

мали бизниси, тукушто е                                        

заеднички објавен од страна                                   Прочитајте повеќе ..

на меѓународната

организација за

стандардизација (ISO) и

меѓународниот трговски

 центар (ITC)    

 


ISO/IEC 27001 За мали бизниси –

Практични совети

 

 

Меѓународната организација за

стандардизација (ISO) и

меѓународната електротехничка

комисија (IEC)    тукушто го

објавија новиот прирачник                                       Прочитајте повеќе..                                   

обезбедувајќи практични совети  

за МСП за тоа како  да се

постигнат придобивките од

спроведувањетo на системот за

управување со безбедност на 

информации (ISMS) заснован на

меѓународниот стандард

ISO/IEC 27001.

 

 

 10 корисни работи за МСП (ISO публикација)

 

 

 

Публикации и брошури