Изработка на македонски стандарди
Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Стандардите се изработуваат преку почитување на принципот на консензус од страна на техничките комитети составени од заинтересираните страни - претставници од индустријата, државните органи, академските институции и потрошувачите. Работата на овие технички комитети е организирана и координирана од страна на националното тело за стандардизација, т.е од Институтот за стандардизација на Република Македонија.


Основната постапка за изработка на стандардите е во согласност со Интерните правила на ИСРМ кои се базираат на европските и меѓународни принципи. Подготовката на стандардите се состои од неколку фази:

 

  • Идентификација на потреба за нови стандарди (поднесена иницијатива);
  • Прочување на потребата за нов стандард;
  • Формирање на технички комитет (постоечки или нов),
  • Изработка на нацрт стандард и постигнување на консензуз во рамките на техничкиот комитет;
  • Јавна расправа на нацрт-стандард;
  • Одобрување и публикување на стандардот,
     

 

Иницијатива за подготовка и усвојување на македонски стандард (фаза 00.00) може да биде поднесена од страна на сите заинтересирани страни, владини тела или други правни лица, од техничките тела на Институтот и други. Иницијативата треба да се достави во писмена и електронска форма на соодветен образец ОБ_Р4_027, со образложение за причините поради кои се бара изработка и усвојување на нов македонски стандард, како и моменталната актуелна состојба во поглед на постоење на важечки национални стандарди и/или меѓународни и европски стандарди, од областа на која се однесува иницијативата. Во прилог на иницијативата може да биде доставена работна верзија на стандардот (проектот).

 

 

 

 

 

Превземи образец: ОБ_Р4_027