Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Јавната расправа е идентификувана како една од трите добри практики кои телата за стандардизација треба да ги спроведуваат. Запазувајќи го принципот на отвореност и транспарентност, учество на секоја заинтересирана страна во процесот на изработка на стандардите и стандардизациските документи, Институтот за стандардизација (ИСРМ) има обврска да спроведува постапка на јавна раправа. Самата расправа се спроведува односно состои од интегриран процес во кој се опфатени два аспекта на делување на заинтересираните страни. Еден аспект, кој се однесува на јавното делување, земајќи го во предвид интересот на секоја заинтересирана страна да учествува со свои коментари кон содржината на нацрт стандардите и вториот аспект, се одлуките кои се носат на предлог на заинтересирани страни - членки во Технички комитети, во рамките на Националните тела за стандардизација делувајќи по претходно поднесените коментари.  


Овој процес е клучот во изработка на широко применливи стандарди, стандарди изградени на консензус и стандарди со кои се унапредува квалитетот на производите, постапките и услугите, квалитетот на животот и здравјето на луѓето, безбедноста на имотот и заштита на животната средина и природата.



 

Постапка на јавна расправа