Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Обуки

          

 

                                    Календар за Семинари и обуки 2017

             

Во рамките на проектот ИПА - Техничка помош за градење на капацитетите на ИСРМ, кон почетокот на 2017 година беа организирани повеќе обуки.

 

Првата обука беше одржана на 24 и 25 Јануари 2017 година за стандардот ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент на квалитет (Foundation course). Се одржа во Скопје во просториите на Министерството за Економија на Република Македонија. Обуката ја одржа г-дин Владимир Симиќ - предавач од Србија.

 

Втората обука беше одржана на 2 и 3 ти Февруари 2017 година за стандардот EN ISO/IEC 17021-1:2015 Оцена на сообразност - Барања за телата кои обезбедуваат проверка и сертификација на системи за управување

 

Институтот за стандардизација исто така во рамките на проектот ИПА - Техничка помош за градење на капацитетите на ИСРМ, организираше семинар на тема: Стандардизација за безбедност на храна и амбалажа на храна, кој се одржа во два термина на 8ми Мај во Скопје во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза и на 11 Мај во Битола во Хотел Епинал. Предавач и на двата семинари беше експерт од Шпанија од областа на безбедност и квалитет на храна Mrs. Isabel Verde

 

Следниот семинар се организираше на тема: Стандардизација и "CE" означување на врати и прозорци, кој се одржа во два термина на 9ти Мај во Скопје во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза и на 12 Мај во Битола во Хотел Епинал. Предавач на семинарот беше експерт од Шпанија Jaime Fernandez

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија воедно организира и посебни тренинзи на барање на заинтересираните страни. За подетални информации може да се обратите во одделението за Информации и обуки при ИСРМ.