Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Европско годишно Собрание 2016

 Почитувани,

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) е единствено национално тело за стандардизација задолжено за усвојување на европски и меѓународни стандарди како македонски, за донесување на македонски национални стандарди и стандардизациски документи, како и нивна продаѓба и заштита на свторските права на нив.

Како полноправна членка на CEN и CENELEC (Европски тела за стандардизација), а врз основа на досегашните постигнувања на полето на стандардизацијата ИСРМ ја доби таа чест да во периодот од 7-8 Јуни 2016 година да го организира XII-то Генерално годишно собрание на CEN и CENELEC (Европски тела за стандардизација) кое ќе се оджи во хотелот "Александар Палас" во Скопје.

На настанот се очекува присуство на околу 60 земји учеснички и преку 250 претставници на земјите членки на CEN и CENELEC.Помеѓу учесниците и гостите на Генералното годишно собрание се наоѓаат и директори и еминентни претставници од најголемите европски компании.

 Ова е настан од исклучителна важност како за Институтот така и за градот Скопје и Република Македонија.

Во организација на овој настан ИСРМ предвиде можност македонските компании и стопански субјекти како и високообразовните институции од државата да ги претстават  своите компании, производи, услуги и институции пред ваков европски аудиториум. Значи на едно место ќе го имаме европскиот и светскиот врв од областа на стандардизација ( Стандардите се основен елемент на индустријата), претставници на европски, меѓународни и домашни компании и високообразовни установи.

 

Повеќе информации за Европското годишно Собрание кое ќе се одржи на 7 и 8 ЈУни 2016 година во Скопје може да видите на следниот линк     www.isrm.gov.mk/event/skopje2016.html

 

 

 Спонзори