Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Правното и физичкото лице кое е заинтересирано за добивање на националниот промотивен знак “Македонско сонценце” поднесува барање до Институтот за стандардизација на Република Македонија (во натамошниот текст: Институтот).

Барањето за добивање на националниот промотивен знак „Македонско сонценце”  ги содржи особено следните податоци:
1.    Име на  подносителот на барањето;
2.    Седиште, адреса и општина;
3.    Единствен даночен број на субјектот;
4.    Приоритетна дејност на субјектот;
5.    Решение за регистрирање во Централниот регистар на Република Македонија;
6.    Дали е отворена стечајна или ликвидациона постапка;
7.    Име на производ;
8.    Податоци за производот;
9.    Копија од сертификат или друг документ за квалитет со кој се потврдува дека производот е испитан од акредитирани тела и ги исполнува основните (суштинските) и дополнителните барања за безбедност или квалитет  кои се пропишани во посебните закони;
10.    Други сертификати и/или анализи и/или уверенија и/или признанија за производот кои се однесуваат на надпросечниот квалитет на производот;
11.    Спецификација на производот со која се потврдува повисокиот квалитет  на производот; и
12.    Број и датум, место за печат и потпис на подносителот на барањето и др.

Подносителот на барањето за добивање на националниот промотивен знак „Македонско сонценце”, кон барањето треба да ги приложи доказите за точките 5, 6, 8, 9 ,10 и 11 од став 2 на овој член.