Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Националниот промотивен знак „Македонско сонценце“ се состои од: симбол, основа со рамка и ознака.

Основата на знакот е со квадратна форма во бела боја и е обрабена со црвена рамка со заоблени агли. Симболот на знакот, кој е сместен во средишниот дел на основата, има форма на црвено сонце со дванаесет краци. Под симболот се наоѓа ознаката МКВАЛИТЕТ односно MKD QUALITY (во случај кога се користи англиската верзија), која со бели букви е впишана на црвена правоаголна основа со заоблени агли. За ознаката се употребува македонската, односно англиската поддршка од фонтот еуропен – bold во бела боја 100% бела од CMYK палетата на бои. Кога се употребува македонската ознака, првите две букви од ознаката се болдирани (задебелени). Кога се употребува англиската ознака, првите три букви од ознаката се болдирани (задебелени). За црвените елементи од знакот секаде се употребува црвена боја 100% од CMYK палетата на бои.

Формата и содржината на националниот промотивен знак „Македонско сонценце“:

македонска верзијаанглиска верзија

 

Формата и содржина