Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Слободен пристап до информации од јавен карактер

 Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Основни поими:

„Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.

„Информација од јавен карактер“ е информација во  која било фирма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.

 

„Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Исклучок од слободен пристап до информации:

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;

2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;

3) информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;

4) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;

5) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;

6) информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата;

7) информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;

8) информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина и

 

9) информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопстве-ност (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

 

 

Службено лице за посредување со информации:

Институтот за стандардизација на Република Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации ги определи:

 

-          Маја Дојчиновска Колиќ, на  e-mail: kolic.maja@isrm.gov.mk тел. 3247 150

 

-          Весна Поповскана  e-mailanastasova.vesna@isrm.gov.mk , тел. 3247 150

 

 Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Институтот за стандардизација на Република Македонија Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на ИСРМ или да го симнат тука.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Институтот за стандардизација на Република Македонија – Јуриј Гагарин бр.15 кат 3,  на  електронската пошта на горенаведените именувани службени лица.

 

Документите ви се достапни на следните линкови

Образец за жалба

- Барање за пристап на информации од јавен карактер