Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Стандарди за градежни производи

Почитувани,

 

ве покануваме на еднодневна обука која ќе биде одржана на 14 Ноември 2018 на тема:

 

ШТО УРЕДУВААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОT ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ И СТАНДАРДИТЕ ОД ХАРМОНИЗИРАНОТО И НЕХАРМОНИЗИРАНОТО ПОДРАЧЈЕ?“

 

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за Законот за градежни производи, објавен во Службен весник бр. 104/2015 и најновите измени објавени во Службен весник бр. 120/2018. На обуката ќе се даде посебен осврт кон стандардите од хармонизираното и нехармонизираното подрачје. Од хармонизираното подрачје ќе бидат подетално разработени  стандардите од областа на агрегатите и условите за пласман на пазарот, согласно барањата на стандардот МКС EN 12620+A1:2009. Од нехармонизирано подрачје, еден од круцијалните стандарди е и нацрт македонскиот стандард Н МКС 1016:2018 кој содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017. Националниот документ кон МКС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на МКС EN 206.

Обуката ќе ја води сертифициран експерт д-р Соња Черепналковска, дипломиран градежен инженер при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и доктор по технички науки на факултетот за Технички науки при Универзитетот во Нови Сад, од областа на индустриско инженерство и менаџмент. д-р Соња Черепналковска има долгогодишно работно искуство во Институтот за стандардизација на Република Македонија, како раководител на Секторот за стандардизација. Автор е на научни и стручни трудови од областа на стандардизацијата. Член e на Работната група за подготовка на Законот на градежни производи.

Обучувач за стандардот Н МКС 1016:2018 кој содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017, ќе го води проф. д-р Тони Аранѓеловски, претседател на ИСРМ ТК 25.

По обуката ќе се  одржи и панел дискусија на која ќе се придружат претставници од регулаторните тела односно од Државен пазарен инспекторат како и од Министерството за економија.

 

Во прилог ви ги праќаме поканата и пријавата за учество.

 

Срдечен поздрав,

 

 

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска                                                   Ruzica Jovanovic-Malinovska, PhD

Раководител на одделение за соработка со клиети                            Head of department for collaboration with clients

Институт за стандардизација на Р. Македонија                           Standardization Institute of the R. Macedonia

Јуриј Гагарин 15кат 3                                                                                Jurij Gagarin 15, floor 3

1000 СкопјеР. Македонија                                                                       1000 Skopje, R. Macedonia

Телефон: +389 2 3247 159                                                                         Phone: +389 2 3247 159 

Мобилен+389 76 448 791                                                                        Mobile: +389 76 448 791

E-mail: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk                                                     E-mail: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

www.isrm.gov.mk                                                                                       www.isrm.gov.mk

 

 

 

Дополнителни документи