Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Стандарди за менаџмент со човечки ресурси

                                                П  О  К  А  Н  А

за еднодневна обука

„СТАНДАРДИ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

21.12.2018 во 9 часот

 

Претпријатијата и другите организации како и државните институции се почесто се соочуваат со тешкотии во менаџирањето и изведувањето на бизнис и организациските процеси поради недостаток на стручни знаења и вештини кај вработените, но и недостаток на знаење за менаџмент на човечки ресурси кај сопствениците на претпријатијата и менаџерите. Секоја организација која веќе ја осознала улогата и значењето на менаџерите со човечки ресурси за успешно водење на една организација во современи услови на живеење веќе имат формирано и посебен сектор за менаџмент со човечките ресурси.

Воведувањето на стандарди за менаџирање со човечки ресурси е особено значајно не само затоа што тие претставуваат моќна алатка за мерење на перформансите на вработените туку тие се и тло за понатамошна надградба и развој на човечкиот потенцијал со кој располагаат претпријатијата и институциите. Стандардите ќе обезбедат насоки за клучните функции на човечки ресурси соодветни на контекстот и потребите на организацијата. За таа цел Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), организира обука на тема Стандарди за менаџмент со човечки ресурси.

Обуката ќе ја води сертифициран експерт проф. д-р Еленица Софијанова, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, со долгогодишно работно искуство во областа менаџмент со човечки ресурси како и експерт во Техничкиот комитет ИСРМ ТК 42 – Менаџмент со човечки ресурси кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – human resource management на меѓународната организација за стандардизација (ISO). Истовремено е обучувач и консултант во повеќе области на менаџмент. Автор е на голем број научни и стручни трудови од областа на менаџмент со човечки ресурси.

Оваа обука нуди содржини кои се прилагодени на потребите на учесниците. Тие се и теоретски и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување. Без разлика дали сте искусни или пак нови во областа на менаџирањето со човечките ресурси оваа обука ви го овозможува знаењето и искуството што ви е потребно. Ова е одлична можност за вас да стекнете адекватни вештини за тоа како треба да менаџирате со човечките ресурси.

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 21 Декември 2018. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 19 Декември 2018. Цената за обуката изнесува 6000 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и ручек.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 159

мобилен: 076 448 791

 

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

Документи