Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ISO/IEC 17025

     

 П  О  К  А  Н  А   З А   О Б У К А

 

МКС EN ISO/IEC 17025:2018Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација“

01.04.2019 во 9 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација. На обуката ќе бидат објаснети барањата на новата верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018, ќе се посочат разликите со претходната верзија и ќе се дадат насоки за усогласување на документацијата на системите за менаџмент со цел преод кон новото издание на стандардот. Детално ќе се разработи структурата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се идентификуваат и објаснат новите барања на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се направи споредба и преглед со претходната верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2007; ќе се посочат документите кои треба да се изменат.

Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, за раководителите за квалитет, раководители на лаборатории, претставници на лабораториите за тестирање и калибрирање, оценувачи итн.

Обуката ќе ја води м-р Теодора Ташева, координатор за акредитација на лаборатории за тестирање од Институтот за акредирација на Република Северна Македонија и долгогодишен експерт и претседател на ИСРСМ ТК 18 - Акредитација, оцена на сообразност и метрологија. М-р Ташева е водечки оценувач за процедурите за акредитација како и обучувач за оценувачи за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018.

 

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 01 Април 2019. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 28 Март 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.

 

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 159

мобилен: 076 448 791

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk   

Документи