Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

                                                                           

                                                                          П О К А Н А   З А     О Б У К А

 

„Толкување на барањата на стандардот MKС EN ISO 22000:2018 – Систем за управување со безбедноста на храната – Барања за сите организации вклучени во синџирот на храната“ 10.05.2019 во 9 часот Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот „Толкување на барањата на стандардот МКС EN ISO 22000:2018 - Систем за управување со безбедноста на храната - Барања за сите организации вклучени во синџирот на храната„. На обуката ќе бидат објаснети барањата на новата верзија на стандардот МКС EN ISO 22000:2018, ќе се посочат разликите со претходната верзија и ќе се дадат насоки за усогласување на документацијата на системите за менаџмент со цел преод кон новото издание на стандардот. Детално ќе се разработи структурата на стандардот МКС EN ISO 22000:2018; ќе се идентификуваат и објаснат новите барања на стандардот МКС EN ISO 22000:2018; ќе се направи споредба и преглед со претходната верзија на стандардот МКС EN ISO 22000:2008; ќе се посочат документите кои треба да се изменат.

Обуката ќе ја води дипл. инж. техн. Даниела Митревска, управител на Друштвото за консалтинг услуги ДиМ Конслатинг Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на консалтинг на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2015, ISO 22000:2015, ISO 17020:2012, ISO 17025:2005; како и за стандардите FSSC 22000 ver 4.1, BRC, IFS, BSCI. Даниела Митревска е ERCA одобрен тренер која во своето портфолио има извршено голем број на аудити реализирани независно и непристрасно како надворешен водечки аудитор за сертификациското тело од Чешка. Истовремено работи и делува и во областа на менаџмент на човечки ресурси, изработка на А и Б интегрирани еколошки дозволи со соодветно образование за истите. Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 10 Мај 2019. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 07 Мај 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт: д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска раководител на одделение за соработка со клиенти телефон: 02 3247 159 мобилен: 076 448 791 емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

Документи