Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

П  О   К   А   Н  А     З  А     О  Б  У  К  А

 

„ Толкување на барањата на стандардот МКС ISO 45001:2018- Системи за менаџмент со безбедност и здравје при работа“

 

26.09.2019 во 9 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС ISO 45001:2018 - Системи за менаџмент со безбедност и здравје при работа – Барања со упатство за употреба. Овој меѓународен стандар е подготвен врз база на OHSAS 18001:2007. Стандардот МКС ISO 45001:2018 може да се применува во сите компании од различни дејности исто така може да се интегрира и со другите системи на менаџмент. На оваа обука ќе бидат опфатени клучните измени на стандардот; промени во специфичните барања; мерење на целите за безбедност и здравје при работа и планирања за нивно постигнување; усогласување на терминологијата (анекс SL). Примената на барањата од стандардот МКС ISO 45001:2018 ќе ви озвозможи да ги подобрите процесите на планирање и воспоставување на политиката за безбедност и здравје при работа во исто време да бидете во сограсност со важечките барања во законите и законските акти за безбедност и здравје при работа.

Обуката ќе ја води дипломиран хемиски инженер Сузана Темелковска, управител на Еуромак-Контрол, компанија која врши техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет како и консалтинг и обука. Сузана Темелковска е претседател на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 9 - Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици и врвен експерт во областа безбедност и здравје при работа, како и надворешен водечки IRCA аудитор за повеќе стандарди. Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 26 Септември 2019.

Заради голема заинтересираност и организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 24 Септември 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.

За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска 

Раководител на одделение за соработка со клиенти

Институт за стандардизација на Р.С. Македонија

Телефон: +389 2 3247 159  Мобилен: +389 76 448 791 

E-mail: malinovska.ruzica@isrsm.gov.mk

www.isrsm.gov.mk

 

Документи