Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Стручната работа во областа на стандардизацијата ја вршат Стручните одбори и техничките работни тела: Технички комитети и Работни групи. Стручните одбори и техничките работни тела работат на изработка на стандардите.

 

Задачата на Стручните одбори претставува подготовка на техничка основа за годишната програма за работа на ИСРМ и годишен план за усвојување на македонски стандарди, ја вршат работата на техничките комитети, кога во определена област нема интерес за формирање на технички комитет, како и други работи во согласност со Правилникот за стручни одбори на Институтот за стандардизација на Република Македонија.

 

Задачата на техниките работни тела претставува подготовка и реализација на програмата за усвојување на стандарди во определени области, следење и учество во работата на соодветните технички работни тела на меѓународните и европските организации за стандардизација, како и други работи во согласност со Правилникот за формирање и работа на техничките работни тела на Институтот за стандардизација на Република Македонија.