Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Генерални услови за користење на услугите на "isrm.gov.mk"

 

 Согласност за авторски права и заштита на податоците за учесниците во ИСРМ стандардизациските активности

 

Почитувани корисници на услугите на isrm.gov.mk,

Сакаме да бидете сигурни дека ги разбирате и прифаќате ИСРМ Генералните услови поврзани со политиките на авторски права и заштита на податоци, бидејќи се бара Ваша согласност потребна за да учествувате во ИСРМ стандардизациските активности. Овие услови, кои што може да се менуваат од време на време, се применуваат за сите наши услуги директно или индиректно. Со пристапување, пребарување и користење на нашата интернет страна или било која од нашите апликации, вие прифаќате и се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со условите утврдени подолу. Доленаведеното објаснува со што вие се согласувате.

 

 

I. Авторски права и патентни права

 

 

Авторските права на македонските стандарди и стандардизациски документи му припаѓаат на ИСРМ и било какво нивно умножување, дистрибуирање и препродавање без согласност на ИСРМ е забрането и истото подлежи на казнени санкции во согласност со Законот за авторско право и други сродни права.

Согласно Законот за стандардизација, Македонскиот стандард се издава како посебна публикација и авторските права за него му припаѓаат на Институтот.

Документите објавени на интернет страната на ИСРМ исто така подлежат на истите услови на користење како и публикациите на ИСРМ. Било какво користење на документите, вклучувајќи делумно или целосно умножување за користење на друга интернет страна, не е дозволено без претходно одобрување од ИСРМ.

Со користење на услугите на isrm.gov.mk, Вам Ви се достапни алатките со кои имате можност за пристап до содржината на македонските стандарди, нивна набавка како и можност за гласање и поднесување коментари кон нацрт македонските стандарди. Притоа под поимот македонски стандард-и, доколку не е нагласено во контекст на пишаните материјали и/или текстови ќе се подразбираат и ќе бидат опфатени и македонските стандардизациски документи (технички спецификации, извештаи, упатства, амандмани, и слични публикации). Потоа може да учествувате во изготвување на македонските стандарди со тоа придонесувајки кон креирање на содржината на идните македонски стандарди. Преку учество во ИСРМ процесот на развој на стандардите ќе добиете пристап до сите видови на информации поднесени во текот на овој процес, како што се стандардите, нивните нацрти и содржина итн. Содржина може да биде било каков вид на содржини доставени во процесот на развој на стандардите, како што се публикации, документи, текст, бројки, слики, софтвер итн, и за кои се смета дека ќе бидат вклучени во текстот на ИСРМ стандардите. Вие се согласувате дека:


1. Авторските права од Вашиот придонес кон содржината на идните македонски стандарди и стандардизациски документи ги отстапувате на Институтот, односно дека авторски права на сите ИСРМ стандарди и стандардизациски документи како и нивните нацрт верзии ќе бидат поседувани од страна на ИСРМ.

2. Содржината како што се публикации, документи, текстови, графички решенија, слики или останата содржина која ја доставувате до ИСРМ во процесот на развој на стандардите може да е со заштитени авторски права. Авторски права во таквата содржина и понатаму остануваат во сопственост на првичниот носител на авторските права. Ако понудите таква содржина, Вие се обврзувате ова да го пријавите на ИСРМ, го идентификувате името на носителот на тие авторски права и му помогнете на ИСРМ во добивање на соодветна дозвола за:

-        споделување на авторските права на таа содржина во процесот на развој на стандардите,

-        објава на содржината, или делови од неа, во оригинал или во изменета форма во стандардите на ИСРМ и 

-        искористување на содржината, како дел од стандард на ИСРМ согласно праксата на ИСРМ.

 

Ако Вие или организацијата која ја претставувате (Давател-и на лиценца) сте сопственици на авторските права во понудената содржина, таквата дозвола безрезервно (целосно) се доделува на ИСРМ, по поднесувањето на содржината во процесот на развој на стандардите. Давателот на лиценцата гарантира дека делото е негово оригинално дело и не е умножено целосно или делумно од било кое друго дело или материјал и дека тој е привилегиран сопственик со право на доделување на оваа дозвола (лиценца).

Воедно Вие или организацијата која ја претставувате како учесници во процесот на стандардизација односно како подносители и/или приматели на соодветни работни стандардизациски документи имате обврска и сте поканети да поднесте известување за било какви патенти права за кои имате сознание и да обезбедите соодветна документација.

 

3. Вие се согласувате да ги почитувате авторските права во стандардите, нацрт стандардите, како и содржината на другите публикации доставени во процесот на развој на стандардите. За таа цел дозволено ви е да ги споделувате стандардите и нацртите, во рамките на процесот на развој, согласно со ИСРМ политиката за авторски права, која не Ви дозволува да ги објавите стандардите и нацртите на интернет за слободен јавен пристап.

  

4. Учеството во процесот на изработка на стандардите е обезбеден без било каква финансиска надокнада од страна на ИСРМ кон Вас или било која трета страна. 

5. Целосно авторско право вклучува, но не е ограничено на исклучиво право на умножување, пуштање во промет, јавно соопштување, превод, преработка, во било кој постоечки или идеен електронски или печатен формат, за период на целото времетраење на заштитата на авторските права.

 

II. Заштита на податоци

 

ИСРМ е обврзан да ги заштити личните податоци на секој учесник во процесот на стандардизациските активности. Со учеството во овој процес преку ИСРМ системот (на пример пристап до ИТ алатки, присуство на состаноци, и ткн.) вие се согласувате дека:

1.  Вашите лични податоци може да бидат прибрани, да се користат, споделуваат, и архивираат за стандардизациски и сродни активности во светот со цел (i) олеснување на меѓународната размена на стоки и услуги, и (ii) за развивање на соработката во областа на интелектуалната, научната, технолошката и економската активност. Личните податоци содржат: име, e-mail адреса-и, поштенска адреса-и, телефонски број-еви, национална улога во процесот на стандардизација, категорија на заинтересирана страна. Во суштина, ова значи дека вашите лични податоци ќе бидат споделувани со цел да ви помогне да соработувате со другите. Тие нема да се користат во комерцијални цели без ваша изречна согласност.

 

2. Вашите лични податоци може да се пристапни, се пренесуваат и се користат во земјите со закони кои не можат да го гарантираат истото ниво на заштита на податоците.

 

3. Воедно Вие како учесник во ИСРМ стандардизациските активности се согласувате и ја прифаќате обврската и правилата кои се однесуваат на дозвола за пристап (креирање на кориснички профил) до заштитените платформи на ИСРМ како и ракувањето со документи и податоци до кои имате пристап. Учесникот се обврзува да ги користи информациите што тој или таа ги добива во рамките на процесот на стандардизациска работа, единствено ако се наменети за поддршка на развојот на стандардите и работа на нив, да се воздржи од искористување на овие информации за други цели, како и да ги почитува правилата за заштита на податоците и правила за авторски права и прописи. Оваа обврска останува и по престанок на Вашето учество во ИСРМ процесот на стандардизациски активности.

Правила кои се однесуваат на корисничките профили (Корисничко име и лозинка):

           Отворените кориснички профили се во сопственост на ИСРМ,

           Корисникот има право да отвори и да користи само еден кориснички профил,

           Секое лажно претставување во име на друго физичко или правно лице е забрането,

      Не е дозволено да се користат несоодветни кориснички имиња. ИСРМ го задржува правото да ги избрише или оневозможи корисничките профили без претходна најава.

 

Правила кои што важат при процесот на поднесување на коментари, односно забрането е да се:

           Користи непристоен или навредувачки јазик,

           Реклама, нетематска содржина,

           Повреда на авторско право или објавување на статии кои се однесуваат на нечии патентни права,

           Собирањето и откривање на лични информации.

 

Корисничкото име и лозинката се лични и не смеат да се пренесат на неовластени лица.

 

 

III. Сообразност

 

Вие се согласувате да ги почитувате релевантните ИСРМ политики и важечките закони во Република Македонија кои се однесуваат на авторското право и сродни права и заштитата на податоците, како и ИСРМ политиките за патентни права утврдени во внатрешните акти на ИСРМ.

 

IV. Престанок на учество

Вие и понатаму сте обврзани со овие обврски дури и по завршување на Вашето учество во процесот на развој на стандардите.

 

V. Важечки закони

Законите кои ќе се применуваат ќе бидат исклучиво закони на Република Македонија.

 

VI. Општа употреба на интернет страната

 

 

ИСРМ го задржува правото да ги менува или брише, во секое време и без претходно известување, било кои содржини, услуги и/или информации кои се објавуваат на оваа интернет страна, како и ограничување или менување на овие одредби и услови. Секоја измена ќе стапи на сила од денот на нејзино објавување и ќе биде обврзувачка за секој корисник кој ќе пристапи до овие содржини и страници после објавата. Овие услови можат да бидат зачувани и испечатени од страна на корисникот со помош на функција "Печатење" на интернет прелистувачот.