Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Постапка за обезбедување на информации во областа на стандардите-нотификација пропишана во Европската Директивата 98/34/ЕС, изменета со Директивата 98/48/ЕС во македонското законодавство транспонирана во Уредба за постапка за известување на Европската Комисија за донесување на нехармонизирани прописи,технички спецификации и стандарди има за цел:

 

  • Креирање и одржување на транспарентност во ЕУ
  • Спречување создавањето на нови технички бариери за трговијата
  • Поддршка и развој на европската стандардизација

 

Со примената на оваа Директива, националните тела за стандардизација членки на CEN и CENELEC, и националните тела за стандардизација претенденти за полноправно членство во CEN и CENELEC, меѓусебно се информираат за новоразвиени национални стандарди или измени на национални стандарди, освен ако тие не се идентични или еднакви на меѓународни или европски стандарди.


Почитувајки ја оваа обврска, потребно е ИСРМ редовно да ги известува европските тела за стандардизација за новите национални стандради уште на самиот почеток на нивниот развој.

 

Информативно - контактно тело за СТО ТБТ (WTO TBT Enquiry point)

 

Министерството за економија, кое е надлежно централно координативно тело на Владата на Република Македонија одговорно за имплементација и реализација на Договорот за технички бариери во трговијата на СТО (СТО ТБТ), со "Уредбата за постапки за нотификација на стандарди, технички прописи и постапки за оцена на сообразност и санитарни и фитосанитарни мерки ("Службен весник на Република Македонија" бр.8/05), го определи ИСРМ како Информативно - контактно тело за СТО ТБТ.
Согласно оваа Уредба, Инфо Центарот дава информации во врска со:

 

  • предложените и/или усвоените национални технички прописи или стандарди;
  • предложените и/или усвоените процедури за оцена на сообразноста.
     

Уредби