Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Историјат

Со распадот на СФРЈ се расформира и Сојузниот завод за стандардизација и метрологија, чиишто рамноправни членки беа сите поранешни југословенски републики. Како резултат на тоа, се создадоа соодветни институции за стандардизација и метрологија во сите републики. Така, во 1995 година Владата на Република Македонија го формира Заводот за стандардизација и метрологија со одредени задачи од областа на стандардизацијата, акредитацијата и метрологијата.

 

Со развојот на меѓународните и европските текови во овие области, се наметна потребата од неминовно издвојување на трите области во посебни институции, сè со цел поефикасно работење и нивно развивање, па така од Заводот за стандардизација и метрологија произлегоа: Институт за стандардизација, Институт за акредитација и Биро за метрологија.

 

Основната цел на ИСРМ произлегува од неговата основна дејност преземање, усвојување и донесување на европските и меѓународните стандарди како национални, со што дава значаен придонес во подобрувањето на квалитетот на производите, постапките и услугите. Својата цел ИСРМ ја остварува преку дефинирање на карактеристиките на производите, постапките и услугите, кои ја определуваат нивната способност да ги задоволат определените барања, квалитетот на животот и здравјето на луѓето, безбедноста на имотот и заштитата на животната средина и природата, економичноста и рационалноста во користењето на човечката работна сила, материјалите и енергијата во процесот на производство и размена на стоки, индустриската ефикасност по пат на намалување и усогласување на разновидноста на одделни производи, процеси и услуги, како и можноста за замена на еден производ, процес или услуга со друг.

 

На овој начин се исполнуваат барањата и се отстрануваат пречките во меѓународната трговија со стоки и услуги.