Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Структура

Собранието на ИСРСМ го сочинуваат членките на ИСРСМ и претставниците на основачот. Советот на ИСРСМ е основан со одлука на Собранието на ИСРСМ. Советот на ИСРСМ е составен од девет члена и тоа: три претставници на основачот, четири претставници од членките на ИСРСМ, еден претставник од вработените во ИСРСМ и претседателот на Собранието на ИСРСМ.

 

Директорот на ИСРСМ е орган на раководење на ИСРСМ. Надлежностите на Собранието на ИСРСМ, Советот на ИСРСМ и директорот на ИСРСМ подетално се пропишани во Статутот на ИСРСМ. ИСРСМ го спроведува системот за стандардизација во Република Северна Македонија преку подготвување, усвојување и промовирање на македонските стандарди и други стандардизациски документи, претставување, координација и учество во работата на меѓународните и европските тела за стандардизација.

 

ИСРСМ дава инормации за македонските, европските и меѓународните стандарди од базата, врши продажба на стандарди и издава стандардизациски публикации.