Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Меѓународна и билатерална соработка

Институтот за стандардизација на Република Македонија-ИСРМ во текот на своето работење ги има остварено следните соработки:
Членство во меѓународни и европски организации за стандардизација:

 

Меѓународна организација за стандардизација
ISO (International Organization for Standardization)
Од 1995 година, ИСРМ е полноправна членка.

 

Меѓународната електротехничка комисија
IEC (International Electrotechnical Commission)
Од 14 јануари 2005 година, ИСРМ е асоцијативна членка.

 

Европски комитет за стандардизација
CEN (European Committee for Standardization)
Од 01 јули 2012 година, ИСРМ е полноправна членка.

 

Европски комитет за електротехничка стандардизација
CENELEC (European Committee for Electrotechnical Standardization)
Од 01 јули 2012 година, ИСРМ е полноправначленка.

 

Европски институт за телекомуникациски стандарди
ETSI (European Telecommunications Standards Institute)
Од декември 2006 година, ИСРМ е национална организација за стандардизација.

 

Меѓународна соработка

  • Во 2005 година, ИСРМ потпиша три договори со IEC, и тоа: Договор за користење на IEC Публикациите во PDF формат, само за целите на усвојување на национално ниво, Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија, само за целите на комерцијална продажба и дистрибуција и Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија со електронски жиг, само за интерна употреба на ИСРМ;
  • Во 2006 година, ИСРМ потпиша Договор за продажба со ETSI;
  • Во 2009 година, ИСРМ потпиша Договор за почитување на условите со CEN и CENELEC како нивни придружни членки при имплементирањето на европски стандард, како и Договор за користење на европските стандарди кој треба да го почитува како придружна членка;


Билатерална соработка

  • Во 2006 година, потпишан е договор за билатерална соработка со Турскиот Институт за стандардизација;
  • Во 2009 година потпишани се спогодби за деловно - техничка соработка со телата за стандардизација на Албанија (DPS), Бугарија (BDS), Босна и Херцеговина (BAS) и Црна Горa (ISME), понатаму Договор за продажба на DIN стандарди, Договор за билатерална соработка и Договор за усвојување на DIN стандардите како МКС со Германскиот Институт за стандардизација (DIN), како и меморандуми за соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија-ИАРМ и Бирото за метрологија-БоМ;
  • Во 2010 година, ИСРМ потпиша договор за соработка со Францускиот институт за стандардизација (AFNOR).