Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Членство

Секоја заинтересирана страна може да биде член на ИСРСМ.
Согласно член 18 од Законот за стандардизација, сите заинтересирани правни лица може да поднесат пријава за членство во ИСРСМ заради остварување на нивните интереси во врска со македонската национална стандардизација.


Членството во ИСРСМ се стекнува врз основа на писмена пријава – Пристапница за членство во ИСРСМ и доказ за платена членарина. Во пристапницата, правните лица треба да овластат претставник кој мора да биде во работен однос на неопределено време кај пријавениот член.


Пристапницата за членство во ИСРСМ се доставува во писмена форма до ИСРСМ.

 

Со цел на остварување на што поуспешна врска помеѓу стандардизацијата и економијата, од особен значај и интерес е и вклучувањето на македонските претпријатија и другите економски субјекти во работата на ИСРСМ Техничките комитети.
 Бидејќи основниот принцип е :
„ Учествувај и биди информиран“
Секоја заинтересирана страна може да учествува во работата на ИСРСМ Техничките комитети преку пополнување на Пријава за членство во ИСРСМ ТК и нејзина достава во писмена форма до просториите на ИСРСМ. Освен пријава за членство во ИСРСМ ТК потребно е да се пополни и CV кое е достапно во прилог на овој документ подоле во текстот.

 

Членство во ИСРСМ ТК

Членство во ИСРСМ