Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Права и обврски на членките на ИСРМ

Членката има право да:

  • учествува на седниците на Собранието и да го оставрува своето право на глас во согласност со Деловникот за работа на Собранието;
  • учествува во работата на органите и техничките работни тела на ИСРМ;
  • дава иницијативи за остварување на работите и задачите на Собранието на ИСРМ;
  • учествува во изборот на преставниците во Советот наИСРМ;
  • биде избрана за претставник во Советот на ИСРМ;
  • биде редовно известена за активностите на ИСРМ;
  • го добива без надоместок Гласилото на ИСРМ;
  • добива попуст при купување македонски стандарди;
  • добива попуст за определени услуги на ИСРМ;
  • добива попуст за котизациите за семинарите и советувањата што ги организира ИСРМ;
  • добива Годишен извешај за работата на ИСРМ.

 

Членката има обврска да:

  • ги почитува Законот за стандардизација, Статутот, одлуките и интерните акти што ги донеле органите на Институтот;
  • ја плаќа редовно годишната членарина;
  • ги стави на располагање сите информации кои се потребни за работа на Институтот.

 

Висината на членарината ја определува Советот на ИСРМ врз основа на следните критериуми:

  • за правните лица - во зависност од природата на дејноста, годишниот бруто/нето приход и бројот на вработени во правното лице;
  • за физички лица - во процент од просечната бруто плата во Република

 

Членарината се плаќа еднаш годишно, најдоцна до 30 мај во тековната година за тековната година.