Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Што е стандард

Стандард е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје.

Основни цели и принципи на стандардизацијата

Целите на македонската стандардизација опфаќаат: унапредувањето на квалитетот и зголемување на нивото на безбедност на производите, постапките и услугите, придонесува за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето, безбедноста на имотот и заштитата на животната средина и природата.

Придобивки од стандардите

Потсетник за значењето на стандардизацијата и колку таа влијае на секојдневниот живот е од самиот пример за патникот кој мора да носи куфер полн со адаптери кога патува од една земја во друга.

Македонски стандард

Македонски стандард е стандард кој е донесен од страна на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) и е достапен на јавноста.

Изработка на македонски стандарди

Стандардите се изработуваат преку почитување на принципот на консензус од страна на техничките комитети составени од заинтересираните страни - претставници од индустријата, државните органи, академските институции и потрошувачите.

Кој ги изработува македонските стандарди

Стручната работа во областа на стандардизацијата ја вршат Стручните одбори и техничките работни тела: Технички комитети и Работни групи. Стручните одбори и техничките работни тела работат на изработка на стандардите.

Постапка на јавна расправа

Откако нацрт верзијата на стандардот (проект) е подготвена и одобрена од соодветниот Технички комитет (ТК), истата се објавува со цел прибирање на коментари од јавноста. Овој процес е познат како Постапка на јавна расправа. Јавната расправа е од витално значење во развојната фаза на стандардите и стандардизациските документи, затоа што им овозможува на широк спектар на заинтересирани страни учество во процесот на стандардизација.