Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Македонски стандард е стандард кој е донесен од страна на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) и е достапен на јавноста.

 

Македонскиот стандард може да биде идентичен со европски (EN), меѓународен (ISO/IEC) стандaрд или некој друг национален стандард (DIN, BS…) и во тој случај можете да го препознаете по ознаката (МКС EN, МКС ISO, МКС DIN), меѓутоа,македонскиот стандард може да биде и „само“ национален стандард, односно изработен од експерти од ИСРМ техничките работни тела и усвоен од ИСРМ како македонски стандард. Овој стандард не е усвоен на европско и меѓународно ниво,но за неговото постоење, европските тела за стандардизација мора да бидат известени.

 

Покрај македонски стандард, ИСРМ преку своите технички работни тела развива и објавува и други стандардизациски документи како што се техничките извештаи и техничките спецификации.