Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

НОВ НАЦИОНАЛЕН СТАНДАРД НА ЈАВНА РАСПРАВА

      

                                                   НОВ НАЦИОНАЛЕН СТАНДАРД НА ЈАВНА РАСПРАВА 

                      "Н МКС 1017:2017 - Пуцолански материјали - состојки за производство на цемент.

                   Спецификација, критериуми и оценување на сообразноста. Одредување на јакоста

                                             при притисок на пуцолански материхјали и летачка пепел"

 

Подготвен е од техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија, и е објавен на јавна расправа од Април месец до Јули месец 2017 година. Повеќе информации за овој стандард ќе најдете на нашата интернет страна, каде ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading-читална" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот.

Со овој стандард се утврдува спецификацијата за пуцолански материјали за употреба како состојки за производство на цемент, се дефинираат барањата во однос на својствата, методите на испитување и се одредуваат постапките за оценување на сообразноста на пуцоланските материјали.

Придобивките од имплементација на стандардот е во тоа што лабораториите ќе се здобијат со важечки национален стандард по кој ќе може да се раководат, недостатокот е доколку не се воспостави ваков стандардизациски документ може да биде и несоодветно работење и изградба на конструкции - објекти што може да имаат подалекусежни опшествено - економски последици.