Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Преводот на EN 81-20:2014 и EN 81-50:2014 пуштен на јавна расправа

 Почитувани,

 

Ве известуваме дека е изработен превод на македонски јазик на европските стандарди:

EN 81-20:2014

Безбедносни правила за конструкција и монтажа на лифтови - Лифтови за превоз на лица и стоки - Дел 20: Лифтови за лица и лифтови за лица и стоки

Safety rules for the construction and installation of lifts - Lifts for the transport of persons and goods - Part 20: Passenger and goods passenger lifts

EN 81-50:2014

Безбедносни правила за конструкција и монтажа на лифтови – Испитување и тестирање - Дел 50: Правила за проектирање, пресметки, испитувања и тестирања на лифтовски компоненти

Safety rules for the construction and installation of lifts - Examinations and tests - Part 50: Design rules, calculations, examinations and tests of lift components

 

 

Преводот е издаден како нацрт македонски стандард H МКС EN 81-20:2017 и H МКС EN 81-50:2017 и објавен во Огласникот на ИСРМ за месец декември 2017 година и на интернет страната на институтот.

 

Сите заинтересирани страни се поканети да дадат свои забелешки и коментари во врска со преводот на стандардите. За време на јавната расправа на ваквите стандарди може да се доставуваат коментари само за терминологијата и преводот на македонски јазик. Крајниот рок до кој може да поднесете коментар е 30 март 2018 година.

 

Пристапот кон нацрт текстот на преводот на стандардите е даден преку следните линкови:     

H МКС EN 81-20:2017

http://www.isrm.gov.mk/mk/tc/work_programme.php?national_standard_id=60213

H МКС EN 81-50:2017

http://www.isrm.gov.mk/mk/tc/work_programme.php?national_standard_id=60214

 

Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да најдете на следните линкови:

Постапка за јавна расправа http://www.isrm.gov.mk/mk/images/upload/dokumenti/javna_rasprava__za_na_web1.pdf

Процес на гласање и поднесување на коментари

http://www.isrm.gov.mk/mk/pages/page_1121.html

 

За дополнителни информации може да се обратите на: pletvarski.goran@isrm.gov.mk