Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Преиспитување на македонскиот стандард МКС 1009:2013

 

Преиспитување на македонскиот стандард МКС 1009:2013

 

Македонските стандарди мора периодично да бидат преиспитувани со цел да се обезбеди усогласеност со степенот на развој на техниката во подрачјето на кое се однесуваат.

На ден 30.04.2018 година одржана е седница на техничкиот комитет ИСРМ ТК 4 - Карактеристики на отпад, на која беше донесена одлука за преиспитување на изворниот македонски стандард МКС 1009:2013 - Методи за оцена на оксобиоразградливоста на пластика и фито-токсичноста на остатокот во контролирани лабораториски услови.

Како последица на преиспитувањето, македонскиот стандард може да биде: потврден; или изменет (измена или дополна со амандман или коригендум); или преработен (ревизија) како ново издание со нов датум; или повлечен со или без замена.

Временскиот рок за преиспитување изнесува 60 дена од денот на објавување во Огласникот на Институтот.