Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Нов национален стандард на јавна расправа

 

Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1019:2018 – Испитување на мостови со пробно товарење. Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец јули до крајот на месец октомври 2018 година. Повеќе информации за стандардот ќе најдете на нашата интернет страна www.isrm.gov.mk, каде ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading-читална" со регистрација на "Мој профил" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот.

 

              Со овој стандард се утврдуваат: видовите на пробни товарeња, постапката за испитување и оценка на резултатите од испитувањата на патните и железничките мостови од армиран и преднапрегнат бетон, челични и спрегнати мостови.

     Исто така овoj стандард го утврдува и однесувањето на мостот при статичкото и динамичкото товaрeње во поглед на:

-       - усогласеност со проектот,

-       - усогласеност на квалитетот на изведените работи во однос на бараните со проектот,

-       - подобност на мостот за преземање на предвидени товарeња,

-       - трајност на конструкциите што се во употреба (периодичнa проверка).

 

  Oвој стандард не се однесува на утврдување на сигурноста на мостот во поглед на лом, ниту други гранични состојби конструкциите. 

 
Пристап кон нацрт текстот на македонскиот национален стандард е даден преку следниот линк 
 Н МКС EN 1019:2018 
 
Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да најдете на следниве линкови:
 
 * Постапка за јавна расправа:  www.isrm.gov.mk/mk/images/upload/dokumenti/javna_rasprava__za_na_web1.pdf
 * Процес на гласање и поднесување на коментари:  www.isrm.gov.mk/mk/pages/page_1121.html