Пребарај во каталогот
|
НовостиНов национален стандард на јавна расправа
Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1020:2018 – Испитување на конструкции од високоградба со пробно товарење и испитување до лом. Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец јули до крајот на месец октомври 2018 година. Повеќе информации за стандардот ќе најдете на нашата интернет страна www.isrm.gov.mk, каде ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading-читална" со регистрација на "Мој профил" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот. Овој стандард се применува за сите конструкции од армиран и претходно напрегнат бетон, челик, дрво и други материјали (стакло, пластика, итн.), од кои се изведуваат носечките конструкции и носивите конструктивни елементи. Исто така овој стандард се однесува на испитување со статичко товарење на конструкциите и носивите конструктивни елементи. Во овој стандард се опфатени: - сите испитувања на завршени конструкции и носивите конструктивни елементи што се извршуваат на самата градба,
- сите испитувања што се спроведуваат во лаборатории за испитување нa конструкциите.
Пристап кон нацрт текстот на македонскиот национален стандард е даден преку следниот линк Н МКС EN 1020:2018 Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да најдете на следниве линкови: * Постапка за јавна расправа: www.isrm.gov.mk/mk/images/upload/dokumenti/javna_rasprava__za_na_web1.pdf * Процес на гласање и поднесување на коментари: www.isrm.gov.mk/mk/pages/page_1121.html
|