Институт за стандардизација на Република Македонија
Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Нов национален стандард на јавна расправа


 

 

Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1016:2018 – Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност - Правила за употреба на МКС EN 206:2014+A1:2017. Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец јули до крајот на месец октомври 2018 година. Повеќе информации за стандардот ќе најдете на нашата интернет страна www.isrm.gov.mk, каде ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading-читална" со регистрација на "Мој профил" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот.

    Овој македонски национален стандард ќе се користи заедно со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017, Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност.

    Македонскиот стандард Н МКС 1016:2018 ќе содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2018. Националниот документ кон МКС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на МКС EN 206.

 

     Придобивки од имплементација на стандардот е тоа што производиделите и лабораториите ќе се здобијат со важечки изворен национален стандард по кој ќе може да се раководат.

 

Пристап кон нацрт текстот на македонскиот национален стандард е даден преку следниот линк 
 Н МКС EN 1016:2018 
 
 
Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да најдете на следниве линкови:
 
 * Постапка за јавна расправа:  www.isrm.gov.mk/mk/images/upload/dokumenti/javna_rasprava__za_na_web1.pdf
 * Процес на гласање и поднесување на коментари:  www.isrm.gov.mk/mk/pages/page_1121.html