Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ПОКАНА ЗА ОБУКА

                                                                        

                                                                      ПОКАНА ЗА ОБУКА 

 

          ШТО УРЕДУВААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ И СТАНДАРДИТЕ

                                                      ОД ХАРМОНИЗИРАНОТО ПОДРАЧЈЕ

 

                                                                         14.11.2018  од 9 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за Законот за градежни производи, објавен во Службен весник бр.104/2015 и најновите измени објавени во Службен весник бр.120/2018. На обуката ќе се даде посебен осврт кон стандардите од хармонизираното и нехармонизираното подрачје. Од хармонизираното подрачје ќе бидат подетално разработени стандардите од областа на агрегатите и условите за пласман на пазарот, согласно барањата за стандардот МКС EN 12620+A1:2009. Од нехармонизираното подрачје, еден од круцијалните стандарди е и нацрт македонскиот стандард H MKС 1016:2018 кој содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017. Националниот документ кон MKС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на MKС EN 206

Oбуката ќе ја води сертифициран експерт д-р Соња Черепналковска, дипломиран градежен инженер при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и доктор по технички науки на факултетот за Технички науки при универзитетот во Нови Сад, од областа на индустриско инженерство и менаџмент. Д-р Соња Черепналковска има долгогодишно работно искуство во Институтот за стандардизација на Република Македонија, како раководител на Секторот за стандардизација. Автор е на научни и стручни трудови од областа на стандрдизацијата. Член е на Работната група за подготовка на Законот за градежни производи.

Обучувач за стандардот Н МКС 206:2014+А1:2017, ќе го води проф. д-р Тони Аранѓеловски, претседател на ИСРМ ТК 25.

По обуката ќе се одржи и панел дискусија на која ќе се придружат претставници од регулаторните тела односно од Државен пазарен инспекторат како и од Министерството за економија. 

Оваа обука ќе овозможи да бидете во тек со новините кои се воведуваат во градежниот сектор и е создадена да ви обезбеди нови знаења и вештини, со цел истите максимално да ги искористите во организациите.

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 14 НОЕМВРИ 2018. Заради организирање на соодветниот простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 10 Ноември 2018. Цената за обуката изнесува 7000 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и ручек.

 

За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ - Малиновска - раководител на одделение за соработка со клиенти 

02 3 247 159

076 448 791

 malinovska.ruzica@isrm.gov.mk