Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Предлог за формирање на нов Технички комитет за Јавни набавки, "CEN/TC Public Procurement"

Почитувани,

 

До Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), од страна на Европското тело за стандардизација CEN (ESO) доставен е документ (CEN/BT Одлука, N 11323) кој претставува барање за предлог за формирање на нов Технички комитет од областа на Јавни набавки (Public procurement). Овој комитет треба да работи на подготовка на стандард-и како поддршка на процесите за јавни набавки кои првично треба да се однесуваат на интегритет и одговорност на договорните субјекти за постапките за јавни набавки.По овој документ  (Technical Board BТ/Одлука) ИСРМ како национална членка во ESO, треба да даде национален став/одговор за прифаќање, неприфаќење и воздржаност.  

 

За таа цел доколку сметате дека имате интерес во врска со горенаведеното Ве молиме до ИСРМ да доставите Ваш став и/или евентуална консултација во врска со оваа BT/Одлука.

Рокот до кој може да се произјасните е најдоцна до 3 Декември 2018 година.

 

Како напомена врз основа на пристигнатите коментари треба да се изгради единствен став кој ќе претставува национална позиција и како таква од страна на ИСРМ, препратена до европските тела за стандардизација за понатамошно одлучување. Воедно во врска со ова може да бидат консултирани и останати субјекти од оваа област за кои сметате дека имаат интерес, одредена експертиза и се засегнати од подметната тематика. Националниот став треба да биде прифаќање, неприфаќање и воздржаност за предметната BT/Одлука.

Доколку ставот е негативен што би значело опција неприфаќање или несогласување сп BT Одлуката тогаш од Ваша страна е неопходен дополнителен коментар со образложение за овие причини. Воедно, известуваме дека евентуалниот коментар кој би пристигнал до ИСРМ а се однесува на образложение од секаков аспект мора да биде даден на англиски јазик.

 

Како информација доколку оваа BT Одлука биде прифатена истата би требало во наредните години да резултира со соодветен-и европски стандард-и и/или стандардизациски документ-и од горенаведената предметна област, а притоа согласно обврската која ИСРМ ја има, да биде усвоен како македонски стандард. Од тука, интересот кои би можеле македонските субјекти да го имаат може да биде и во учество и пратење на развојот на потенцијалните идни европски проекти од оваа област, преку членство во ИСРМ.

 

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање

Лице за контакт

Горан Плетварски      ✆ 3 247 165       pletvarski.goran@isrm.gov.mk

 

 

B TN 11323 Јавни набавки