Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ГЛАСАЊЕ ЗА DIS ISO 23644 - Financial instrument global identifier (FIGI)

 Почитувани,

 

ИСРМ е полноправна членка во европските тела за стандардизација (CEN и CENELEC) и меѓународните тела за стандардизација (ISO, IEC). Една од обврските кои произлегуваат од членство во меѓународните и европските тела за стандардизација  е и дефинирањето на националниот став и гласање по однос на нацрт меѓународни и европски стандарди.

Во моментов на јавна расправа на меѓународно ниво е стандардот DIS ISO 23644 - Financial instrument global identifier (FIGI), кој претставува нов стандард за идентификација на хартиите од вредност, составен од 12 алфа нумерички карактери.

Доколку сметате дека имате интерес за давање на коментари и гласање за нацрт меѓународниот стандардот DIS ISO 23644 - Financial instrument global identifier (FIGI), Ве молиме вашите коментари и ставови да ги доставите до ИСРМ не подоцна од 28.12.2018 година.

Како напомена врз основа на пристигнатите коментари треба да се изгради единствен став кој ќе преставува национална позиција и како таква од страна на ИСРМ, истата ќе биде препратена до Меѓународната организација за стандардизација ISO за понатамошно одлучување. Националниот став треба да биде прифаќање, неприфаќање и воздржаност за предметниот нацрт стандард.

 

Доколку ставот е негативен што би значело опција неприфаќање или несогласување, тогаш од Ваша страна е неопходен дополнителен коментар со образложение за овие причини, подготвен на англиски јазик.

 

Содржината на нацрт стандардот DIS ISO 23644 ќе може да се погледне на ИСРМ web платформата за гласање и коментирање (LINK), откако предходно ќе се регистрирате во делот Мој профил.