Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Покана за обука

  П  О  К  А  Н  А

за еднодневна обука

ТОЛКУВАЊЕ НА БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ MKС EN ISO 9001:2015 

 

Дали ги воведовте измените на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет - Барања?

 

Преодниот период за воведување и сертифицирање согласно стандардот МКС EN ISO 9001:2015 беше до Септември 2018.

 

Доколку имате нејасни работи повелете на обуката која ИСРМ ја креираше токму за вас и вашите потреби.

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет. Ќе бидат опфатени клучните измени на стандардот; промени во специфичните барања; толкување на барањата со акцент на лидерство, менаџмент со ризици, мерење на целите и управување со промените, комуникација и свест; усогласување на терминологијата (анекс SL). Оваа обука нуди содржини кои се фокусирани на толкувањето на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет, прилагодени на потребите на учесниците. Тие се теоретски но и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување. Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот и неговите измени како и за сите оние кои веќе се занимаваат со системите за менаџмент со квалитет (QMS).

Обуката ќе ја води професор д-р Елизабета Митрева, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, со долгогодишно работно искуство во областа на менаџмент со квалитет. Автор е на голем број научни и стручни трудови, книги и публикации од областа на менаџмент со квалитет објавени во меѓународни списанија; учесник во научно-истражувачки проекти; член на уредувачки одбор и рецензент во научни списанија и конференции како и интерен аудитор за QMS.

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 28 Јануари 2019. Заради голема заинтересираност и организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 23 Јануари 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и ручек.

 

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 159

мобилен: 076 448 791

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

 

 

Обука за EN ISO 9001:2015