Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ПОКАНА ЗА ОБУКА

                                    

 

         Толкување на барањата на стандардот МКС EN ISO 14001:2015

Системи за менаџмент на животна средина и препораки за негова примена

 

                                                                    26.02.2019 во 9 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO 14001:2015 - Системи за менаџмент на животна средина - Барања со упатства за користење. Оваа обука е посветена на најпопуларниот стандард за менаџмент со животната средина на која ќе се протолкуваат барањата на стандардот со акцент на лидерство; менаџмент со ризици; мерење на целите и управување со промените; подобра заштита на животната средина и поефикасна комуникација. Понатаму ќе биде опфатена структурата, терминологијата и концептот на ISO 14001:2015; споредба со претходната верзија на стандардот; клучните измени; идентификација на значењето на тие измени за организацијата; како и транзицискиот период од аспект на сертификација. На обуката покрај теоретските согледувања на стандардот ќе бидат разработени и практични примери со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското опкружување.

 

Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот ISO 14001:2015 - Системи за менаџмент на животна средина, за сите оние кои веќе се занимаваат со системите за менаџмент на животна средина (ЕMS), претставници на раководството на другите системи за менаџмент (QMS и OHSAS); интерни проверувачи за EMS-a како и сите останати кои се занимаваат со EMS.

 

Обуката ќе ја води дипл. инж. техн. Даниела Митревска, управител на Друштвото за консалтинг услуги ДиМ Конслатинг Скопје, со долгогодишно работно искуство во областа на консалтинг на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 45001:2015, ISO 22000:2015, ISO 17020:2012, ISO 17025:2005; како и за стандардите FSSC 22000 ver 4.1, BRC, IFS, BSCI. Даниела Митревска е ERCA одобрен тренер која во своето портфолио има извршено голем број на аудити реализирани независно и непристрасно како надворешен водечки аудитор за сертификациското тело LL-C (Certification), Прага Чешка. Истовремено работи и делува и во областа на менаџмент на човечки ресурси, изработка на А и Б интегрирани еколошки доволи со соодветно образование за истите.

 

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 26 Февруари 2019. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 21 Февруари 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк. За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 159 мобилен: 076 448 791

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

Документи

Агенда - 542.37 KB