Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Публикуван стандардот ISO 9001:2015

 

 

Стандардот ISO 9001- Mенаџмент на системи за квалитет е публикуван од страна на Меѓународната организација за стандардизација ISO. Стандардот беше на ревизија околу 3 години. На неговото донесување работеа експерти од 95 земји членки. Со околу 1.1 милиони издадени сертификати ширум светот, ISO 9001 им помага на организациите да им покажат на своите потрошувачи дека може да понудат производи со добар квалитет. Тие исто така, делуваат како алатки за насочување на нивните процеси во правец за подобрување на ефикасноста и ефективноста.

 

Генералниот секретар на ISO Kevin McKinley објасни:

" ISO 9001 им помага на организациите да го променат Светот. Со подобрување на способноста на организациите, со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите, стандардот  ISO 9001 овозможува успешен раст и развој на компаниите и нивна кохерентност.

 

Повеќе може да погледнете на следниот линк  - www.iso.org/iso/home/news_index.htm