Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина

                                   

Проект: Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) заедно со уште 8 европски земји ( Кипар, Романија, Бугарија, Литванија, Латвија, Малта и Чешка) учествува во проект ,,Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина,,.

Проектот е финансиран од Европска Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN). 

Реализацијата на проектот вклучува учество на состаноци и работилници како на европско ниво така и во државата. Тоа е бенефит не само за ИСРСМ и невладиниот сектор туку и за целата држава. За учество на овие работилници обезбедени се финансиски средства од страна на донаторот кои ги покриваат трошоците за истите. Проектот ќе трае до 01.04.2021  година.

Во деновите 17 и 18 октомври 2018 година се одржа 38-миот состанок на SABE (Стратешко советодавно тело за животна срединa), каде покрај претставници ИСРСМ - focal point, учествуваше и избраниот focal point  од невладниот сектор кој со одобрение од европската комисија беше избран за дел од проектот. Тоа лцие заедно со лицето назначено од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија ќе помогне во реализација на проектот на ниво на цела држава, во кој покрај невладините организации во чиј делокруг на работа е заштита на животната средина ќе бидат опфатени и владини институции, фирми и сите заинтересирани страни кои исто така во својот делокруг на работа имаат вклучено заштита на животната средина.

Во деновите 3-ти и 4-ти Април 2019 година ќе се одржи 39-тиот состанок на SABE (Стратешко советодавно тело за животна срединa).  ИСРСМ мора да биде присутна на овој настан каде заедно со претставникот од невладината организација ќе ги изкажеме нашите согледувања, интереси и можности да делуваме на ова поле.

Потоа се планирани и национални работилници во секоја од земјите учеснички во овој проект, каде ќе земат учество сите национални заинтересирани страни.

ИСРСМ ќе биде домаќин на втората национална работилница која ќе се одржи во јуни 2019 година, што значи многу за нас како институција, првата национална работилница ќе се одржи во Република Кипар во месец април, додека третата во Чешка Република во месец септември.

Околу национална работилница која ИСРСМ ќе ја координира и се планира да се одржи во Скопје на 03.06.2019 година, предавачи и модератори ќе бидат ЕУ експерти од оваа област кои го водат проектот, и посочени се неколку теми за агендата како кружна економија, пластични производи, управување со отпадот, квалитет на воздухот.

 

Секој предлог за агендата на оваа работилница од Вас како заинтересирани страни е добредојден и ќе биде земен во предвид.