Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

„Подобрување на квалитетот на воздухот со помош на стандарди”.

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира работилница која ќе се одржи на 3 јуни 2019 година во Скопје во ЕУ Инфо Центарот, на тема „Подобрување на квалитетот на воздухот со помош на стандарди”. Работилницата се одржува во склоп на проектот,,Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”, финансиран од Европска Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN). Ги покануваме сите заинтересирани страни да се пријават на оваа работилница најдоцна до 27-ми мај 2019 година. Контакт: Е-маил: hristovski.vilijam @isrm.gov.mk; тел: 02 3247 162. Бројот на учесници е ограничен.

Документи