Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

П О К А Н А З А О Б У К А „Толкување на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет“ 11.06.2019 во 9 часот

                                                                       П О К А Н А   З А    О Б У К А

 

              „Толкување на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет“

 

                                                                           11.06.2019 во 9 часот

 

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет.

Ќе бидат опфатени клучните измени на стандардот; промени во специфичните барања; толкување на барањата со акцент на лидерство, менаџмент со ризици, мерење на целите и управување со промените, комуникација и свест; усогласување на терминологијата (анекс SL). Оваа обука нуди содржини кои се фокусирани на толкувањето на барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 - Системи за менаџмент со квалитет, прилагодени на потребите на учесниците. Тие се теоретски но и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување.

 

Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот и неговите измени како и за сите оние кои веќе се занимаваат со системите за менаџмент со квалитет (QMS).

 

Обуката ќе ја води професор д-р Елизабета Митрева, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, со долгогодишно работно искуство во областа на менаџмент со квалитет. Автор е на голем број научни и стручни трудови, книги и публикации од областа на менаџмент со квалитет објавени во меѓународни списанија; учесник во научно-истражувачки проекти; член на уредувачки одбор и рецензент во научни списанија и конференции како и интерен аудитор за QMS.

 

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 11 Јуни 2019. Заради голема заинтересираност и организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 07 Јуни 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.

 

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска
раководител на одделение за соработка со клиенти
телефон: 02 32 47159
мобилен: 076 448 791

 

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk

 

 

Документи