Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИСРСМ под покровителство на CEN и CENELEC ја потпиша декларацијата на UNECE за родово одговорни стандарди и развој на стандардите

 

Брисел - 14 мај 2019 година - Генералниот директор на CEN и CENELEC, г-ѓа Елена Сантијаго Сид, официјално ја потпиша Декларацијата на UNECE за развој на родово одговорни стандарди и развој на стандарди, заедно со 19 национални членки на CEN и CENELEC. Со овој потпис, ИСРСМ во рамките на CEN и CENELEC се залага за поддршка на креирање на родово одговорни стандарди. Декларацијата е резултат на работата на Иницијативата за родово одговорни стандарди која беше лансирана во 2016 година од страна на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), преку својата Работна група за политики за регулаторна соработка и стандардизација (РГ6).Таа има за цел да им помогне на националните тела за стандардизација и организациите за развој на стандарди во идентификување на активности за поддршка на креирање на стандарди за родова одговорност. Ова вклучува подобрување на родовата рамнотежа на учесниците во развојот на стандардите, обезбедување дека содржината на стандардите ги зема предвид родово-специфичните чувствителности и следење на имплементацијата на стандардите за постигнување рамнотежа меѓу половите.

 

Со потпишувањето на Декларацијата, заедницата на CEN и CENELEC е горда што се приклучи кон други национални и меѓународни тела за стандардизација во процесот на развој на стандардите, кој треба да биде повеќе родово одговорен и да помогне да се постигне „Целта 5“, на Обединетите нации „Цели за одржлив развој за 2030 година - Постигнување родова еднаквост и поголеми овластувања за сите жени и девојки“. Обврските на ИСРСМ во рамките на CEN и CENELEC вклучуваат потврдување на Декларацијата, креирање и проактивно спроведување на родово акционен план и следење на напредокот преку собирање и споделување на податоци, успешни приказни и најдобри практики. Колективна заложба за родова еднаквост Заедно со CEN и CENELEC, уште 19 национални организации за стандардизација, членови на CEN и CENELEC, поединечно ја потпишаа Декларацијата, ветувајќи ги своите обврски.

 

Листата на ко-потписници ги вклучува: ASI (Австрија), CYS (Кипар), DIN (Германија), IST (Исланд), NSAI (Ирска), CEI и UNI (Италија), LST (Литванија), ILNAS (Луксембург) MCCAA (Малта), NEC и NEN (Холандија), SN (Норвешка), IPQ (Португалија), ISRSM (Северна Македонија), ISS (Србија), UNE (Шпанија), SIS (Шведска) и BSI (Обединето Кралство). Потписите за Декларацијата ќе останат отворени, со цел да им се дозволи на сите национални, регионални и меѓународни тела за стандардизација да се придружат. Дополнителни организации за национална стандардизација се покануваат да се придружат со преземање на нивните обврски, со што се зголемува влијанието на Декларацијата на UNECE и досегот на родово одговорни стандарди.

Повеќе за самата декларација, церемонијата на потпишување и целите кои треба да се постигнат може да најдете на следниот линк: www.cencenelec.eu/News/Press_Releases/Pages/PR-2019-04.aspx