Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

15-тото Генерално Собрание на CEN/CENELEC

 

 

                                            

15-тото Генерално Собрание се одржува од 05-07 Јуни 2019 год. во Букурешт, Романија. Домаќини на ова Генерално Собрание е Организацијата за Стандардизација на Романија ASRO. 

Како претставници од Институтот за Стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) присуствуваат Директорот на ИСРСМ м-р Џеват Кицара и Советникот во ИСРСМ г-дин Вилијам Христовски.Генералното Собрание на CEN CENELEC беше можност да се дискутира за клучните стратешки, политички и технички прашања поврзани со Европската стандардизација. Голем акцент на овој настан беше ставен на „Сајбер-безбедноста и стандардизацијата.

Остварена е средба со г-ѓа Elena Santiago Cid, генерален директор на CEN/CENELEC и г-дин Eddy Njoroge Претседател на ISO (Меѓународна Организација за Стандардизација).

Присуството на нашите претставници од Институтот за Стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) придонесе за продолжување и продлабочување на соработката со членките на CEN/CENELEC, воедно остварени се многубројни средби со претставници од Бугарија, Албанија, Словенија, Австрија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и други делегации од земјите во регионот при што е разговарано за понатамошно продлабочување на соработка.

На последниот ден се одржува конференција на високо ниво на ЕУ Стандарди насловена „Предноста на Стандардите и продлабочувањето на единствениот пазар“.