Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

VIII БАЛКАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА

 

VIII Балканска конференција за стандардизација, од 30.09.2019 до 02.10.2019 година, Тиват - Црна Гора.

 

Главна цел на оваа конференција е да се олесни соработката меѓу балканските земји преку сите видови на стандардизациски активности, а особено во насока на соработка помеѓу Националните Тела за стандардизација во регионот со цел заедничко учество во проекти. Присутни беа претставници од Националните Тела за стандардизација од:Република Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Турција, Бугарија, Молдавија, Романија, Словенија, Косово, Кипар и претставници од CEN и CENELEC. Делегацијата на ИСРСМ е претставена со Директорот на ИСРСМ М-р.Џеват Кицара и делегатите Цветлана Деленикова, Валентина Арсовска и Зоран Цоковски.

Стандардизацијата се покажа како идеален начин за соработка, координација и усогласување во секоја човечка активност, како на локално, така и на меѓународно ниво. Со оваа идеја, во насока на соработка помеѓу Националните Тела за стандардизацја во регионот со цел заедничко учество во проекти е и презентацијата чиј модератор беше директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија м-р Џеват Кицара, а подготвена од Романското здружение за стандарди