Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Преку стандардизација до поконкурентни македонски производи - ЗБИР НА МОЌНИ БИЗНИС И МАРКЕТИНГ АЛАТКИ ЗА КОМПАНИИТЕ

Институтот за стандардизација на Република Македонија – ИСРМ е основан  во 2003 година со Одлука на Владата на Република Македонија и тој е единствено национално тело за стандардизација во Република Македонија.

Европскиот стандард, според д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска заменува 33 различни национални стандарди во Европа и овозможува пристап до пазар од  повеќе од 500 милиони ппотрошувачи. Стандардите и стандардизацијата претставуваат една од основните потреби, услови и претпоставки за успешен развој на македонската економија. Производите кои се во согласност со македонските стандарди имаат конкурентна предност пред производите кои не се изработени во согласност со стандардите – потрошувачите ја знаат разликата.

Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Преку стандардизација до поконкурентни македонски производи“ (4.4.2016 година).

На прес-конференцијата беше соопштено дека Годишното собрание на Европските комитети за стандардизација - CEN/CENELEC ќе се одржи во Скопје од 6 до 8 Јуни 2016 година. На настанот ќе бидат присутни сите врвни луѓе од областа на стандардизација на европско и меѓународно ниво. Ова претставува одлична можност за компаниите од Република Македонија да учествуваат на еден ваков настан каде ќе бидат презентирани најновите информации за достигнувањата во стандардизација. Исто така, на овој настан компаниите ќе имаат можност и да закупат штанд за да можат да ги презентираат своите услуги, производи, дејности итн.

 

Прес конференцијата може да ја погледнете на следниот линк www.youtube.com/watch