Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Оглас за именување на членови во Комитетот за заштита на непристрасност за сертификација

 Врз основа на член 7, став 1, точка 13 од Законот за стандардизација (Службен весник на Република Македонија бр. 54/02, 84/12, 23/13, 41/14), Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) објавува

 

 

ОГЛАС

 

за именување на членови на Комитет за заштита на непристрасноста во

Институтот за стандардизација на Република Македонија – Сектор за сертификација

 

 

СЕ ОБЈАВУВА оглас за пријавување на кандидати за именување на членови на Комитетот за заштита на непристрасноста кој треба да помага во развојот на политиките кои се однесуваат на непристрасноста и надзор на сертификациските активности на Секторот за сертификација при ИСРМ.

 

Членови на Комитетот за заштита на непристрасноста можат да бидат стручни лица кои се претставници на заинтересирани организации/институции.

 

Критериуми кои треба да бидат исполнети:

 

1.     Знаење на најмалку една сертификациска шема согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17021 и тоа сертификација на системи за менаџмент со квалитет според стандардот EN ISO 9001.

2.     Искуство и вештини во областа на системи за менаџмент со квалитет според стандардот EN ISO 9001.

3.     Познавање на англиски јазик.

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува 10/десет/денови, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

 

Кандидатите за членови во Комитетот за заштита на непристрасноста треба да ги достават следниве документи:

-     Пријава за членство во Комитетот за заштита на непристрасноста  (со име и презиме на кандидатот и име на  правното лице или институцијата во која е вработен);

-     Кратка биографија CV на кандидатот со професионална работа и  професионален опис на кандидатот;

-     Доказ за знаење, искуство и вештини од областа;

-     Писмена согласност на кандидатот;

-     Доказ за познавање на англиски јазик

Пријавата за членство во Комитетот за заштита на непристрасноста во пропишана форма е достапна подолу во текстот. Заинтересираните кандидати истата може да ја подигнат и од Институтот за стандардизација на Република Македонија – Сектор за сертификација.

 

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување.

 

Потребната документација кандидатот е должен да ја достави во затворен плик на следната адреса:

 

Институт за стандардизација на Република Македонија - Сектор за сертификација

Јуриј Гагарин 15,  1000 Скопје

(со назнака за Оглас за членови на Комитет за заштита на непристрасноста)

Пријава за членство во комитет за заштита на непристрасност